Зоолошка градина
Историја
Изработена е проектно-техничка документација за комплетна реконструкција на Зоолошката Градина во Битола.
Зоолошката Градинаво Битола е формирана пред повеќе од 60 години, поточно во 1950 година, со цел да служиза едукација на населението и заштита на одредени животински видови. Во Зоо Битола се чуваат околу 35 видови на животни односно околу 300 единки. Животните кои се дел од Зоолошката Градина се носечкиот столб на кој се темели проектот за реконструкција, но и потребата колекцијата на животни да биде составена од животни кои се специфични, атрактивни, ретки, автентични, и кои на посетителите ќе им пружат несекојдневно искуство при посетата на Зоолошката Градина.
Опис
Улогата на живеалиштата за животни, нивниот дизајн, содржина, безбедност, и начинот на кој тие ги прикажуваат животните, се неспорно важни за функционирањето на Зоолошката Градина. Како изготвувачи на техничката документација за Зоолошката Градина, предвидовме разместеност на живеалиштата која нема да е во спротивност со природните инстинкти на животните жители на Градината. Во рамките на техничката документација за нејзина реконструкција се предвидени следните содржини:
1. Просторно, сообраќајно и партерно уредување, надворешни инсталации и приклучоци, со потребно оградување на комплексот, планирани влезови, патеки и хортикултурно уредување.
2. Живеалишта на лав, тигар, мечка, леопард, рис, мајмуни, копитари, волк, морски лав, жирафа, ракун, нутрија, лисица, јазовец, меркати, нилски коњ, лемури, потоа, фарма со автентични македонски животни и етно куќа, терариум и птици, ара, какакду и фламинго.
3. Административно-сервисен простор со административна зграда, билетара, чуварска куќичка, тоалети и сервисна зона
4. Мултинаменски простор со едукативен центар, сувенирница, рекреативен видиковец, детски парк, тематски комплекс и ресторан.