Зграда на ректорската управа на Универзитет Св. Климент Охридски
Историја
Зградата е градена на почеток на 20-ти век, првенствено за користење од страна на Султанот Решад V во 1911 година, подоцна во неа е сместена општинската администрација и историскиот архив, а веќе од 1979 година таа станува седиште на Ректорската управа на Универзитетот Св.Климент Охридски во Битола.
Овој прекрасен објект е еден од најдобрите примери на еклектичната и неоренесансна архитектура на Битола. Неговата состојба се одржува со повремени потребни реконструкции како на фасадите така и во внатрешноста.
Опис
За последната реконструкција во 2008 година, изработена е проектно-техничка документација за реконструкција на фасадата, промена на прозори, ентериерно уредување и осовременување на дел од работните простории. Од наша страна е вршен и стручен надзор за време на изведбата.