Винарија Чифлик

2015
Проектирање, Градежно-конструктивно Инженерство, Градење
Arrow IconArrow Icon

Основен проект за изградба на угостителски објект со бруто површина од 1400m2, катност од подрум, приземје, кат и поткровје. Во подрумот се сместува винарската визба со свој производен погон, склад со буриња, машинско одделение и магацини, потоа, тоалети за посетители и гардероби за вработени. Во приземјето е планиран делот за дегустација на вина со ресторан со сопствена кујна, помошни функционални простори и продавница за вино. На катот и поткровјето се сместувачките капацитети.

Category
Угостителство
Status
Завршен
Location
Битола, С. Македонија
Size
1400㎡
Storey
3
Investor

Испроектиран е објект со изглед на стара традиционална куќа, со употреба на традиционалните материјали камен и дрво, но во комбинација со современи стаклени фасадни површини и нагласени настрешници кои даваат оригинален изглед.

Со кликнување на „Прифати“, се согласувате со складирање на колачиња на вашиот уред за да се подобри навигацијата на страницата, да се анализира користењето на страницата и да се помогне во нашите маркетинг напори. Погледнете ја нашата Политика за приватност за повеќе информации.
Cookies Icon