Регионално прифатилиште за бездомни кучиња
Препорачаниот капацитет на регионалното прифатилиште за бездомни кучиња, според претходно изработена Физибилити студија, е обезбедување простор за сместување, третман и држење наприближно 70 кучиња месечно за период од 12 месеци.
Согласно ова, обезбедени се основните простори или простории за прием на кучиња, нивно евидентирање и архивирање на податоците, просторија за преглед и за медицински третман, простор затворен и на отворено, за сместување и држење на кучињата, просторија за нивна изолација, како и просторија за пост-оперативна нега со вкупно 50 различни боксови и простор за спроведување на тестот за социјализација.
За непречено функционирање на овие наменски простории, во прифатилиштето се планирани и помошни простории за складирање и припрема на храна, складирање на средства за чистење и дезинфекција, магацин на лекови, технички простории за електрични инсталации, и инсталации за греење и вентилација, остави за опрема и сл. Предвидени се соодветен број на простории за персоналот, канцеларии, гардероби и санитарии.
Вака планираната замисла на регионалното прифатилиште за бездомни кучиња, располага со приземје со корисна површина од 660,45㎡ затворен простор и 377,50㎡ заграден отворен простор.
Во медиумите: https://www.facebook.com/watch/?v=603657754393309