Правен факултет
Изработен е основен проект за реконструкција и проект за ентериерно уредување на постоечки објект во Кичево и негова пренамена во простории на Правен факултет и дисперзиран на Техничко технолошки факултет во рамките на Универзитет Св. Климент Охридски, Битола. Исто така, од наша страна е вршен надзор врз реконструкцијата и опремувањето на објектот.
Објектот располага со вкупна површина од 2660m2 и катност од визба, приземје и два ката.
Концепт
Концепциски, приземјето ги прифаќа најфрекфентните простории, заеднички за двата факултети кои ги користат и вработените и студентите. Тука се организирани простории за студентски прашања, скриптара, канцеларии за администрација, канцеларии за асистенти и помошници асистенти, библиотека, економски простории, кујна со бифе и лаборатории за потребите на ТТФ. На првиот кат се планирани предавални, амфитеатар и кабинети за професори. На вториот кат се организирани кабинети за професори, канцеларии за декан, продекан, секретар и сала за состаноци.