ООУ Григор Прличев
Основен проект за изградба на нова училишна зграда во комплексот објекти на ООУ „Григор Прличев“, сместено во централното градско подрачје на град Охрид, со која местоположба опфаќа над 1070 ученици од 1-9 одделение.
Новопроектираната училишна зграда, го прифаќа современиот концепт кој налага истовремено да е и функционална и атрактивна и убедлива во својата мисија - подобрување на условите за спроведување на образовниот процес.
Проектирана е за едносменска настава на ученици од 1-5 одделение, функционално конципирана на: наставни простории, просторииза соодветни пратечки содржини и економски простории. Наставните просториите се со капацитет од 19 училници предвидени за паралелки со 30 ученика и една мултинаменска сала. На кровната проодна тераса е предвидено озеленување и хортикултурно уредување на едукативна ботаничка градина.
Новата училишна зграда располага со корисна површина од 2819,30m2 и бруто изградена површина од 3258,45m2 со катност од сутерен, приземје и кат.