Направено е ентериерно решение за спојување на два локали во приземјето на ист објект, со што се добива корисна површина од 115㎡. Автентичноста на просторот е нагласена со видливи тули на дел од ѕидовите и кај лаците на плафон. Делумно индустриски стил е постигнат со изборот на метална рассвета, дизајнираните метални полици, ѕидни украси и делови од опремата, како и видливите носечки елементи на плафон. Цел овој ентериер е потоа омекнат со употреба на природно дрво при дизајнирање на шанкот, опремата и делумно кај подните површини. И на крај, употребата на дифузно осветлени епоксидни смоли на делови од мебелот, ја заокружува идејата за давање современ лик на овој ентериер.
Category
Угостителство
Status
Завршен
Location
Битола, С. Македонија
Size
115㎡
Storey
Investor
слични
проекти
Нашите пионерски решенија ја редефинираат модерната архитектура, изработувајќи меѓународно признати објекти кои се слават по врвниот дизајн и исклучителниот квалитет.
Со кликнување на „Прифати“, се согласувате со складирање на колачиња на вашиот уред за да се подобри навигацијата на страницата, да се анализира користењето на страницата и да се помогне во нашите маркетинг напори. Погледнете ја нашата Политика за приватност за повеќе информации.