Индустриски сервис и склад
Опис
Основен проект за реконструкција и адаптација на индустриски објект и негова пренамена во сервис за земјоделски машини и опрема со магацин и простории за администрација.
Објектот е приземен, со површина од 3210㎡, и променливи висини во халите од 4мдо 8м. Функционално е поделен на три простори како работни зони.
Основната намена ја носи просторот за индустриски сервис, односно монтажа и сервисирање машини, возила и алати за земјоделско производство. Располага со корисна површина од 716㎡. Во оваа работна зона, висината на просторот е додатно зголемена заради монтажа на кранска греда неопходна во технолошкиот процес на работа.
Просторот за складирање материјали, опрема и алати за земјоделско производство е опремен со метални сталажи прицврстени за подот и распоредени на растојание кое обезбедува маневрирање со виљушкари. Располага со корисна површина од 1850㎡.
Просторот предвиден за деловни и помошни простории во функција на главната дејност, располага со корисна површина од 500㎡ и во него се организирани канцеларии за вработени, тоалети, гардероби со тушеви и менза за топол оброк со кујна и магацин.