Деловен објект на Синпекс
2017
Проектирање, Внатрешен Дизајн
Направено е ентериерно решение за повеќенаменски простор од 180m2 на катот каде се наоѓаат канцелариите, како и ентериерно решение за оплеменување на продажниот простор на приземје со површина од 590m2.
Повеќенаменскиот простор на кат, дава можности за негово користење како простор за одмор, одржување на средби, состаноци и презентации, прием на клиенти и соработници.
Category
Деловни, Индустриски
Status
Завршен
Location
Битола, С. Македонија
Size
770㎡
Storey
2
Investor
Синпекс
За продажниот простор во приземје идејата е тој да остане интегриран, но како продажни места да се појават засебни павилјони, делумно затворени и наменети секој за посебен производител на земјоделска опрема и машини.
За големите земјоделски машини и возила, направен е изложбен и продажен простор на отворено, во дворното место на деловниот објект.