Антички музеј Хераклеја Линкестис

2003
Проектирање, Градежно-конструктивно Инженерство, Внатрешен Дизајн, Градење
Arrow IconArrow Icon

Опис

Со голема одговорност и максимално почитување на културното наследство, пристапивме кон проект за адаптација на источната просторија од театарската зграда во археолошкото наоѓалиште Хераклеа Линкестис. Оваа просторија располагаше со корисна површина од 100㎡, но нејзината висина од 9м ни овозможи формирање на галериски простор на три нивоа со кој корисната површина се зголеми на 210㎡. Изборот на галерии кои каскадно ќе се повлекуваат на секое наредно ниво, овозможи интегриран простор на музејски поставки видливи од секој агол.

Category
Јавни
Status
Завршен
Location
Битола, С. Македонија
Size
210㎡
Storey
3
Investor

Изведбата со лесна метална конструкција кај нивоата и кровот, направи чиста граница помеѓу новите интервенции и постоечкиот простор ограден во камен и тула. Големите застаклени површини кај отворите изведени во дрвени рамки, потоа употребата на дрво во ентериерот кај скалите, оградите од галериите, дел од подовите, како и витрините за експонати, понудија додатна топлина во просторот во кој доминираат природни градежни материјали.

Со кликнување на „Прифати“, се согласувате со складирање на колачиња на вашиот уред за да се подобри навигацијата на страницата, да се анализира користењето на страницата и да се помогне во нашите маркетинг напори. Погледнете ја нашата Политика за приватност за повеќе информации.
Cookies Icon