Градиме соништа и иднина, каде Вашата надеж добива форма
Се гордееме што сме една од ретките фирми која гради и проектира со внимателно избран тим на архитекти и градежни инженери. Ваквиот професионален спој со еднакво внимание пристапува кон проектирање и изградба на современи, функционални и конструктивно оптимални објекти.
Нашата компанијае основана и регистрирана во 1992 г.
+30
активни години
+1000
проекти
Проектот изработен во Есперанца е секогаш уникатен одговор на специфичните барања на клиентот, просторот и времето во кое е создаден. Со фокус на иновацијата и конструктивната прецизност, испорачуваме современи, функционални, естетски и оптимално изградени објекти.
проекти
нашето портфолио
Ексклузивно дизајнирано од
Esperanca Design & Engineering
Esperanca Design & Engineering
опсег на работа
услуги
Целосен спектар на проектант-ски и инженерски решенија
Сите услуги ги вршат високо квалификувани и лиценцирани инженери.
01. проектирање
Проектирање на сите видови новопланирани градби, како и реконструкција, адаптација и пренамена на постоечки објекти. Го водиме и координираме проектантскиот процес почнувајќи со анализа на потребите, капацитетот и наследената околина, преку развивање на креативна идеја, сè до изработка на комплетна проектно-техничка документација.
02. градежно-конструктивно инженерство
Со особено внимание и стручност пристапуваме кон конструктивни анализи, компјутерско моделирање и изработка на градежно-конструктивниот проект, кој го прати и надградува архитектонскиот дизајн и е целосно усогласен со важечките нормативи и кодови.
03. урбанистички планови и проекти
Изработка на урбанистички проекти и урбанистички планови за интегрирање и конекција на градбите помеѓу себе, градбите со природата и човекот со природата. Наша цел е да планираме урбан простор за квалитетно живеење и јавни простори достапни за секого.
04. внатрешен дизајн
Графички и дигитален дизајн на мебел и опрема и современи ентериерни решенија кои доаѓаат како логично продолжување на нашите архитектонски проекти, со единствена идеја да создаваме пријатен простор прилагоден на потребите на секојдневието.
05. Инженерски консалтинг
Со нашето долгогдишно искуство во областа на градежништвото, нудиме инженерски консалтинг беспрекорно комбинирајќи ги иновациите со докажаните стратегии за справување со предизвици за успешно и квалитетно реализирана градба.
06. ревизија
Како лиценцирана ревидентска куќа нудиме комплетна услуга и поединечни ревизии на проектно-техничка документација за резиденцијални, комерцијални, индустриски и јавни објекти.
07. надзор
Ние располагаме со овластен тим на инженери за вршење надзор врз изградбата на објекти со што, на високо стручно ниво го следиме развојот и реализацијата на градбата, обезбедувајќи потребна техничка документација и извештај за технички прием.
08. ГРАДЕЊЕ
Градиме објекти од високоградба, вршиме реконструкција на објекти, доградби и надградби на постоечки објекти. Располагаме со високо професионален тим овластени инженери за изведба од областа на градежништвото и архитектурата, обучен кадар на градежни работници, машини и опрема. Се одликуваме со беспрекорна градба, краток изведбен период, искусно управување со изградбата, навремено и квалитетно исполнување на договорите.
лиценци и сертификати
License
For the development of urban plans
License a
For designing buildings in the first category
License b
For a construction contractor in the second category
License b
For the revision of project documentation in the second category
License b
For the supervision of construction for buildings in the second category
ISO 9001 : 2015
Design and revision of project documentation; Performance and supervision of construction facilities.
ISO 14001 : 2015
Design and revision of project documentation; Performance and supervision of construction facilities.
ISO 45001 : 2018
Design and revision of project documentation; Performance and supervision of construction facilities.